Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот во Анталија откако денеска ја победи Ива Приморац од Хрватска со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). Ѓорческа (6.та носителка) имаше подобра реализација на брејк шансите и тоа беше решавачко за победата во мечот (Ѓорческа 3/10; Приморац 1/5).
Во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра против Елине Боикенс од Белгија, која денеска ја победи осмата носителка Софија Квацбаја од Грузија со 6:3 и 6:0. Боикенс (22 години) од квалификациите стигна до полуфиналето, а во моментов се наоѓа на 1055 место на ВТА, иако нејзин најдобар ранг бил 472 место во мај 2013 година.