Ѓорческа обезбеди четвртфинале

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Бол, Хрватска што се игра за награден фонд од 10.000 долари.

Таа во денешниот меч од 2.коло ја победи Милана Спермо од Србија со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4). Вториот сет беше резултатски понеизвесен, а Ѓорческа брејкот го направи во седмиот гем кога поведе со 4:3 и предноста ја зачува до крајот на мечот.

Ова е втора победа во вториот меѓусебен меч за Ѓорческа против Спремо.

Во следното коло нашата тенисерка, која е втора носителка на турнирот ќе игра против подобрата од мечот Евгенија Пашкова (Русија, 8.носител) и Сузана Лукнарова (Словачка).

Попладнево Ѓорческа ќе има настап и во двојки. Во четвртфиналето со Тена Лукас од Хрватска (втори носителки) ќе играат против тенисерките од Словенија Пиа Чук и Тамара Зиданшек.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров