Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото коло на фјулрс турнирот во Бурса, Турција што се игра за награден фонд од 50.000 долари.
Подобра од неа беше Шпанката Лаура Поус-Тио со 6:2 и 6:0 во сетови.
Сепак, Ѓорческа со пласманот во 1.коло на главниот турнир преку квалификациите ќе доби нови пет поени, кои ќе и бидат запишани на промена на ВТА листата во понеделник.
Во игра на двојки Ѓорческа попладнево со Мелис Сезер од Турција во четвртфиналето ќе играат против четвртите носителки Бујукакчај и Озген.