Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (1.носител во квалификациите) денеска оствари победа во второто коло од квалификациите на фјучрс турнирот во Бурса што се игра за награден фонд од 50.000 долари. Таа беше подобра од Ангелина Габчева од Русија со 6:2 и 6:3 во гемови.
Нејзина ривалка за влез на главниот турнир ќе и биде Николета-Каталина Даскалу од Романија (6.носител). Романката Даскалу денеска ја победи Анет Мунозова од Шведска со 6:2 и 6:2 во гемови.
Мечот од третото коло од квалификациите меѓу Ѓорческа и Даскалу се игра утре. Победничката ќе избори пласман на главниот турнир.