Ѓорческа избори полуфинале на фјучрсот во Галаци

Од:

Галаци, 12 јуни 2015 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го мина четвртфиналето на фјучрсот во Галаци. Таа денеска ја победи третата носителка Патриција Маир-Ахлеинтер (Австрија) со 2-0 во сетови.

Ѓорческа сетовите ги доби со 6:3 и 6:4 во гемови и притоа имаше двојно повеќе брејка од противничката (6:3). Нејзината противничка се наоѓа на 205 место на ВТА листата и е за речиси 200 позиции подобро рангирана од Ѓорческа (391 место).

Во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра против Романката Кристина Дину (397 место), која најдобропласирана била на 179 место. Инаку, Дину во четвртфиналето ја победи сонародничката Ирина Бара со 2:0 во сетови.

Ѓорческа и Дину попладнево во игра на двојки во финалето ќе играат против Романките Ирина Бара и Диана Бузеан.

Турнирот се игра за награден фонд од 25.000 американски долари што значи дека и бројот на поени што ќе ги добие нашата тенисерка ќе биде поголем.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров