Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (2.носител) успеа да оствари победа во 1.коло на фјучрсот во Хрватска. Таа ја совлада Магдалена Пантучова од Чешка со 7:6 (11:9) и 6:2 во сетови.
Следна ривалка на Ѓорческа ќе биде победничката од мечот Сузана Лукнарова (Словачка) и Тамара Зиданшек (Словенија). Инаку, Ѓорческа веќе го заврши настапот во игра на двојки откако вчера заедно со Унгарката, Агнес Букта беа поразени во првото коло.
На истиот турнир во Бол во машка конкуренција откако успешно ги мина квалификациите попладнево настап ќе има и македонскиот тенисер Стефан Мицов. Тој во 1.коло ќе игра против првиот носител Јаник Мертенс од Белгија. Мицов во двојка со Хрватот, Антун Видак во четвртфиналето ќе играат против првите носители Меверик Бејнс и Гевин Ван Перперцел од Австралија.