Ѓорческа ги заврши настапите во Анталија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ги заврши настапите на фјучрс турнирот во Анталија, откако беше поразена во поединечна конкуренција во четвртфиналето и во двојки во полуфиналето.

Ѓорческа во поединечна конкуренција загуби од Романката Диана Бузеан со 2:1 во сетови (6:4; 1:6; 6:4). Нашата тенисерка од истата противничка и лани беше елиминирана на фјучрс турнир во Анталија истотака во четвртфинале. Ѓорческа денеска испушти победа откако во решавачкиот сет водеше со 4:2 во гемови. Слаба утеха за неа е тоа што освои повеќе поени во мечот (100:96). За пласманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе освои два поена.

Во игра на двојки таа и Пиа Кониг од Австрија загубија од тенисерките од Грузија Екатерине Горгодзе и Софија Квацабаја со 2:0 (6:4; 7:6 (7:4)).
Ѓорческа следната недела ќе игра на уште еден фјучрс во Анталија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров