Македонската тенисерка Лина Ѓорческа без борба се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Шарм Ел Шеик откако нејзината противничка Наталија Сиедлиска од Германија го предаде мечот.
Утре нашата тенисерка за противничка ја има Русинката Фатима Бризгалова, која денеска со 2:0 (6:0 и 6:3) ја победи Шаковец од Германија (6.носител).
Седумнаесетгодишната Бризгалова и се наоѓа на 745.место на ВТА листата.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа и Терзијска ги победија Конопцева (Велика Британија) и Прадова (Чешка) во два сета со по 6:1 и утре во полуфиналето ќе играат Болквадзе (Грузија) и Бризгалова (Русија).