Првиот светски рекет новак Ѓоковиќ обезбеди ново финале на турнирот во Пекинг откако во 1/2 финалето во 2 сета со 6-4, 6-3 го совлада Енди Мареј во меч кој траеше помалку од 100 минути.
Со тоа популарниот Ноле ја оствари 23-та победа во серија во Пекинг и обезбеди ново финале по триумфите во 2009/10/12/13 година.
Во финалето Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот Клизан-Бердих.