Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на УС опен: Добар сум, млад и силен како и секогаш

Од:

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД победувајќи го Британецот Камерон Нори со 6-4, 6-7, 6-2, 6-3 по помалку од три часа игра иако српскиот тенисер имаше проблеми со повреда.

Имено, по првиот сет, Ѓоковиќ побара медицинска помош поради проблем со грбот, а во текот на целиот натпревар изгледаше како понекогаш да има многу болки. Сепак, не сакаше да открива премногу по натпреварот.

– Во ред е. Не сакате да откривате премногу на ривалите кои го гледаат ова – рече тој и додаде:

– Добар сум, млад како и секогаш, силен како и секогаш. Ова е Њујорк, дури и ако чувствувате нешто физички, енергијата едноставно совладува – порача тој.

Ѓоковиќ ќе игра во осминафиналето против квалификантот Јан-Ленард Штруф.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Париз

Ѓоковиќ: Јас сум патриот, но секогаш го претставував народот – не владата

А1он

Ѓоковиќ собори рекорд на Федерер

А1он

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

ВИДЕО: Александар Зверев ја освои титулата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Зверев и Шелтон ќе играат во големото финале на УС Опен

А1он