Ѓоковиќ се откажа од финалето во Абу Даби

Од:

Најдобриот тенисер на светот за 2014, Новак Ѓоковиќ нема да го одигра финалниот натпревар на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Србинот на неполни два часа пред почетокот на финалниот натпревар против Шкотланѓанецот Енди Мареј, поради настинка, односно зголемена телесна температура, беше принуден да го откаже својот настап.

Инаку Ѓоковиќ, кој трофејот во Абу Даби го има освоено трипати досега (2011, 2012 и 2013 година), не сакаше ништо да ризикува, особено што за две седмици претстои првиот Гренд слем сезонава „Австралија опен’’, кој ќе се игра од 19 јануари до 1 февруари во Мелбурн, а на кој Ѓоковиќ ќе се обиде да го симне од тронот бранителот на титулата од лани Станислас Вавринка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров