(ВИДЕО) Ѓоковиќ рутински се пласираше во второто коло на УС опен

Од:

Пред преполните трибини на стадионот Артур Еш“, Новак Ѓоковиќ покажа дека дури и на 38 години останува незапирлива сила во светскиот тенис.

Најдобриот играч во историјата рутински се пласираше во втората рунда на Отвореното првенство на САД победувајќи го 19-годишниот Лернер Тијен со резултат од 6:1, 7:6, 6:2.

Новак го отвори натпреварот фуриозно. Веќе во вториот гем стигна до првиот брејк, а потоа повторно го одзеде сервисот на Американецот во шестиот гем. Со прецизни и агресивни удари го реши сетот за само 24 минути и поведе со 1:0.

Тијен пружи многу посилен отпор во продолжението. Ѓоковиќ промаши неколку брејк-топки, додека неговиот млад ривал успеа да создаде сет-поен во десеттиот гем.

Новак се спаси со ас-шот и го одведе сетот во тај-брејк, каде што покажа ментална цврстина. По кратка пауза и неколку тешки моменти поради замор и проблеми со дишењето, српскиот тенисер освои четири поени по ред и водеше со 2:0 во сетови.

Почетокот на третиот сет донесе кратка криза. Ѓоковиќ побара медицинска помош поради плускавци, а веднаш потоа го загуби сервисот. Сепак, брзо одговори, го врати брејкот и стигна до 5:1 со серија од четири гема. Иако Тијен повторно го продолжи мечот одземајќи му го сервисот, Новак ја врати контролата и го затвори дуелот со уште еден брејк.

Следниот противник на Новак ќе биде уште еден Американец, Закари Свајда. Тоа ќе биде можност за Ѓоковиќ да продолжи со потрагата по уште еден одличен резултат на Гренд слемот во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Сабаленка спречи сензација на УС Опен – влезе во полуфинале

А1он

(ВИДЕО) Емотивна вечер на УС Опен – легендарен тенисер ја заврши кариерата на грен слем турнирите

А1он

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он