Ѓоковиќ прв финалист на завршниот АТП Мастерсот во Лондон

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на завршниот АТП Мастерсот во Лондон.

Ѓоковиќ во првиот полуфинален меч одигран попладнево во лондонската „О2’’ арена во ДВА сета го победи Шпанецот, Рафаел надал.

Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ, го доби мечот за 1 час и 20 минути игра со идентични 6:3 во двата сета.

Ова беше осма победа за Ѓоковиќ на последните девет соочувања со Шпанецот, а четврта последователна. Сега Србинот го израмни и резултатот во меѓусебните дуели со Надал, па сега двајцата имаат по 23 победи.

Кој ќе биде противник на Ѓоковиќ во финалето закажано за утре, ќе дознаеме вечерва, по одигрувањето на вториот полуфинален меч, кој ќе започне од 21 часот, а во кој ќе играат Швајцарците, Роже Федерер (3-носител) и Станислас Вавринка (4).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров