Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево во полуфиналето на турнирот во Доха ќе игра против Томаш Бердих. И двајцата играчи во четвртфиналето синоќа постигнаа победи во два сета.
Ѓоковиќ (прв носител) се намачи во мечот со Леонардо Маер и го победи со 6:3 и 7:5 во сетови, додека Бердих беше поуспешен од Кајл Едмунд препуштајќи му пет гема (6:3 и 6:2).
Во второто полуфинале ќе играат Иља Марченко и Рафаел Надал (втор носител).