Ѓоковиќ преку Изнер до финалето во Мајами

Од:

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Мастерсот во Мајами, САД, откако ноќеска во вториот полуфинален меч го совлада домашниот тенисер Џон Изнер со 2-0, по сетови 7:6 и 6:2.

Во првиот сет Американецот со своите силни сервиси му задаваше многу проблеми на Ѓоковиќ, но сепак во тај-брејкот Србинот беше поуспешен и го доби со 7:3. Во третиот гем од вториот сет Ѓоковиќ за првпат зема гем на противнички сервис, го зачува својот, а веднаш потоа направи уште еден брејк и веќе победникот беше решен.

Противник на Ѓоковиќ во завршниот меч ќе биде Британецот Енди Мареј кој во првото полуфинале го совлада Томаш Бердих во два сета со по 6:4.
Финалето е закажано за утре во 19 часот по средноевропско време.

Вечер со почеток од 19 часот во Мајами ќе се одигра женското финале меѓу домашната тенисерка Серена Вилијамс и Шпанката Суарез Наваро. 

 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров