Ѓоковиќ нема да игра против Индија во Дејвис купот

Од:

Селекторот на тениската репрезентација на Србија, Богдан Обрадовиќ изјави дека на претстојниот дуел со Индија неговата селекција ќе игра без најдобриот светски играч Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ нема да допатува во Индија. Најголема причина е заморот, изјави Обрадовиќ.

Според толкувањето на српскиот селектор, најдобриот тенисер имал исклучително тешка сезона во овој период и дека патувањето до Индија ќе претставува дополнителен проблем. Ѓоковиќ синоќа го загуби полуфиналето на УС опен од Јапонецот Кеи Нишикори.

Натпреварот за опстанок во Светската група меѓу Индија и Србија се игра во Бангалор од 12 до 14.септември.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров