Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Вимблдон

Од:

Вториот носител Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласира во осминафиналната рунда на Вимблдон, откако попладнево го совлада Ернест Гулбис од Летонија со максимални 3-0, по сетови 6:4, 6:1 и 7:6.

Претходно во текот на денот учество во следната рунда изборија Григор Димитров од Бугарија, Адриан Манарино од Франција, Сем Квери од САД, Милош Раониќ од Канада, Томаш Бердих од Чешка и Александер Зверев од Германија.

Вечерва на програмата на машкиот дел од Грен слемот во Лондон се уште два меча по што ќе се комплетираат осминафиналните двојки и кај тенисерите.

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Вимблдон оди чекор понатаму – Медведев е пред суспензија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Федерер и Вимблдон со порака до љубителите на тенисот

Ана Ололовска

Директорот на Вимблдон: Се надевам дека Федерер и Серена ќе играат во 2021 година

Ана Ололовска

Одлуката за одржување на Вимблдон ќе биде донесена следната недела

Ана Ололовска

Изнер: Поради мене е воведено новото правило на Вимблдон

Ана Ололовска