Изнер: Поради мене е воведено новото правило на Вимблдон

Од:

Американскиот тенисер Џон Изнер ја поздрави одлуката на менаџментот на Грен слем турнирот Вимблдон, да се воведе тај-брејк во петтиот сет при резултат 12:12.

Новото правило се воведува со цел да се избегнат маратонски мечеви на кои се почесто сме сведоци, а еден таков се одигра во 2010 година кој траеше преку 11 часа и пет минути и во него Изнер го победи Николас Маут со рекорди 70:68 во петтиот сет.

Изнер оваа година одигра уште еден маратонски меч, против Кевин Андерсон играше шест часа и 36 минути и загуби со 26:24 во петтиот сет.

– Кога ќе дојде до следниот таков меч би требало да кажат дека го применуваат Изнеровото правило. Мислам дека тоа нема да се случи, но сметам дека јас сум тој кој доведе до оваа новина на Вимблдон. Како и да е, добро е што после 12:12 ќе се игра тај-брејк, изјави Изнер.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ