Србинот Новак Ѓоковиќ по седум меѓусебни дуели против Шпанецот, Рафаел Надал славеше победа на терените на „Ролан Гарос“.
Првиот носител на Отвореното тениско првенство на Франција, Ѓоковиќ во три сета го победи девет кратниот освојувач на „Роланд Гарос“ Рафаел Надал, во претпоследниот меч од четвртфиналната рунда.
Единствено во првиот сет Шпанецот беше рамноправен, а Ѓоковиќ сетот го доби со 7:5. Во следните два сета, најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ на надал му препушти само четири гема, и тоа, три во вториот и еден во третиот сет.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот кој е во тек во кој Британецот Енди Мареј инаку трет носител во Париз, води со 2:0 во сетови против седмиот носител Давид Ферер од Шпанија.
Вчера за место во полуфиналето и меѓусебна пресметка се изборија домашниот тенисер Жо-Вилфред Цонга и Стан Вавринка од Швајцарија.