Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Надал

Од:

Иако е елиминиран во раната фаза на Роџерс купот во Торонто, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Рафаел Надал, бидејќи Шпанецот не учествуваше на турнирот, кој што го освои минатата година.

На најновата АТП листа Ѓоковиќ има 12.860 поени, односно 1.190 повеќе од шпанскиот тенисер, кој има 11.670. Редоследот на првите петмина остана ист како на минатонеделната листа, додека триумфот на Французинот Жоу Вилфред Цонга, му донесе скок од пет места и сега е на десетото место.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров