Ѓоковиќ ја зголеми предноста на АТП листата во однос на Федерер

Од:

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на најновата АТП листа во однос на второпласираниот Швајцарец Роџер Федерер.

Српскиот тенисер неделава има поголема предност во однос на Швајцарецот како резултат на триумфот на Мастерсот во Париз, но исто така и раната елиминација на Федерер од овој турнир придонесе да се зголеми бодовната разлика меѓу најдобрите двајца.

Ѓоковиќ со одбраната на трофејот во Париз си ги задржа 1.000 бодови од триумфот во 2013 година и води на АТП листата со 11.510 поени.

Федерер од друга страна беше елиминиран во 1/4финалето во Париз и загуби дел од освоените лански бодови кога играше полуфинале па од 9.280 падна на 8.700 пени и го зголеми заостанувањето зад лидерот на 1.310 поени.

На претстојниот завршен турнир во Лондон Новак ќе ги брани максималните 1.500 поени, а Федерер само 400.

Во ТОП 5 покрај овие двајца тенисери се наоѓаат и: Рафаел Надал 6.835 поени, Стан Вавринка 4.895 и Кеи Нишикори 4.625.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров