Ѓоковиќ изненаден од Робредо во Синсинати

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа уште едно непријатно изненадување на турнирите од Мастерс серијата. Синоќа во меч од 3.коло во два сета загуби од Шпанецот Томи Робредо.

Првиот сет Робредо го доби со 7:6 – 8:6 во тај брекот, додека во вториот сет беше 7:5 во гемови.

Од фаворитите Станислас Вавринка со 2:1 во сетови го совлада Марин Чилиќ, а со истиот резултат Енди Мареј беше поуспешен од Џон Изнер.

Ноќеска пласман во следното коло изборија Роџер Федерер и Давид Ферер.

На женскиот дел од турнирот првата фаворитка Серена Вилијамс ја победи Флавиа Пенета со 2:0 во сетови. Пласман во следната рунда кај тенисерките обезбедија: Јелена Јанковиќ, Марина Шарапова, Ана Ивановиќ, Агњешка Радванска и Каролин Возниацки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров