Вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ го победи Диего Шварцман од Аргентина со 3-2 во сетови, иако по третиот сет губеше со 1:2.
Претходно во текот на денот на вториот годинашен Грен слем, од фаворитите место меѓу 16-те најдобри обезбедија шестиот носител Доминик Тим (Австрија), четвртиот носител Рафаел Надал (Шпанија) и петтиот фаворит Милош Раониќ (Канада).
Денешната програма во Париз на „Ролан Гарос“ ќе биде заокружена со мечот меѓу Лук Пуј (Франција) и Алберт Рамос Винолас (Шпанија). Победникот од овој дуел ќе биде противник на Ѓоковиќ во следната рунда.