Ѓоковиќ и Надал се изборија за финалето во Доха

Од:

Двајцата први носители на турнирот во Доха Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се пласираа во финалето откако полуфиналните мечеви ги добија со 2:0 во сетови. Ова ќе биде нивни 47.ми меѓусебен дуел, а скорот е 23:23 во победи.

Првиот носител Новак Ѓоковиќ во полуфиналето го совлада третиот носител Томаш Бердих со 6:3 и 7:6 (7:3) во сетови и се избори за своето 16.то финале во серија. Рафаел Надал (втор носител) успеа да го победи Иља Марченко со 6:3 и 6:4 во сетови. Ова за Надал ќе биде 99.то финале и има освоено 68 пехари.

Во конкуренција двојки победија Шпанците Марк Лопез и Фелицијано Лопез, кои ги совладаа Филип Пецшнер и Александар Пеја со 6:4 и 6:3 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров