Ѓоковиќ и Мареј во борба за финале на Ролан Гарос

Од:

На тенискиот турнир на Ролан Гарос денеска се играат полуфиналните мечеви во машка конкуренција, при што поголемо внимание привлекува дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, во однос на првото полуфинале Жо-Вилфред Цонга – Стан Вавринка.

Ѓоковиќ и Мареј досега имаат одиграно 26 меча, а водство од 18-8 во победи има Ѓоковиќ, кој воедно ги има добиено последните седум дуели. Оваа година најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ има серија од 27 победи или 40-2 во текот на целата сезона.

Мареј пак има одлична низа од 15 победи на земјена подлога без пораз. Британецот последен пат го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2013 година, а Ѓоковиќ со триумф на Ролан Гарос ќе го комплетира „сетот“ победи на сите четири Грен слем турнири: Вимблдон, Ју-Ес Опен, Австралија Опен и Ролан Гарос.

Досега двајцата тенисери на земјена подлога имаат одиграно два меча, а победите му припаднаа на Ѓоковиќ.

Полуфиналната програма на централниот терен „Филип Шатрие“ почнува во 13 часот со мечот Цонга – Вавринка, а потоа е дуелот Ѓоковиќ – Мареј.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров