Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Вимблдон откако во полуфиналето го совлада Ришар Гаске со 3-0.
Ова за Ѓоковиќ ќе биде четврто финале на Вимблдон во последните пет години и има две победи во 2011 и 2014 година.
Во второто полуфинале ќе играат Енди Мареј и Рожер Федерер (12:11 во победи за Федерер).