Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ четврти пат последователно е избран за најдобар спортист на Балканот во традиционалниот, 42. по ред избор на Бугарската новинска агенција (БТА).
Шампионот од Вимблдон доби вкупно 91 поени, 40 повеќе од второпласираниот Марин Чилиќ (Хрватска), победник на тенискиот Грен слем УС Опен.
Трето место исто така го освои спортист од тенисот. Тоа е Симона Халеп од Ромаија која собра 50 поени.
Во овој избор најдобар македонски спортист е капитенот на ракометната репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров кој се најде на 15. место со 10 поени, од вкупно 39 спортисти колку што освоија поени.