Ѓоковиќ без проблеми во финалето во Пекинг

Од:

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ (Србија) се пласира во финалето на АТП турнирот во Пекинг, откако попладнево во втората полуфинална пресметка го совлада Давид Ферер (Шпанија) со 2-0 во сетови.

Во првиот сет Ѓоковиќ на противникот му препушти само два гема (6:2), а во вториот еден повеќе (6:3).

Во обидот да ја освои својата шеста титула во главниот кинески град, Ѓоковиќ ќе треба утре во финалето да биде поуспешен од Шпанецот Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер во првото полуфинале беше подобар од Фабио Фоњини (Италија) со 2:0 во сетови.

Досегашниот биланс на меѓусебните мечеви Надал – Ѓоковиќ е 23:21 за Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров