Следниот 3х3 турнир организиран од Здружението 3×3 Македонија ќе се одржи на 25 и 26 август во Гевгелија, информира организаторот на баскет турнирите.
– „Црвено-синиот“ терен повторно ќе биде во центарот на вниманието на сите кои ја сакаат оваа игра! Во строгиот центар на градот Гевгелија, 16 екипи од Македонија ќе имаат можност да се надигруваат и да се докажуваат, објавено е на сајтот на МКФ.
Најдобрите 12 екипи од сите одржани турнири ќе добијат место на финалниот турнир од премиерната 3х3 лига кој ќе се одигра в Скопје во септември.