Гевгелија ќе добие нов модерен спортски комплекс

Од:

Гевгелија наскоро ќе добие нова сала за кошарка која ќе биде во состав на модерен спортски комплекс заедно со сала за фитнес, отворено кошаркарско игралиште, фудбалски терен и трим патеки.

Комплексот е лоциран во близина на градот, во Негорски бањи, а негов инвеститор е конфекцискиот гигант „Ноел“ од Гевгелија.

– Салата ја градиме според строгите правила на ФИБА. Таа е во завршна фаза, целосно е уредена. Нејзиниот капацитет ќе изнесува 500 седишта и ќе биде наменета за подготовка на првиот тим на прволигашот „Кожув“ за настапи на младите кошаркари, но и за одржување други натпревари, рече претседателот на клубот, Томица Главчев.

Тој појасни дека на покривот на салата ќе бидат поставени панели за напојување со енергија од сончевите зраци. Пред почетокот на новото кошаркарско првенство ќе биде освежена и спортската сала 26-ти април во Гевгелија, каде што „Кожув“ ќе продолжи да ги игра натпреварите на домашен терен.

Главчев информира дека на местото на стариот ќе се постави нов паркет според светските кошаркарски стандарди и нови кошеви кои ќе се монтираат на паркетната подлога.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос