Гевгелија домаќин на кошаркарскиот куп на Македонија

Од:

Општина Гевгелија и Кошаркарската федерација на Македонија се подготвени за организирање на натпреварите од 24-тото издание на националниот куп кои ќе се играат од петок до недела, соопштија на денешната прес конференција градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов и претседателот на КФМ, Пеце Наумоски.

За драгоцениот трофеј ќе се борат најдобрите осум екипи во машка и најдобрите четири екипи во женска конкуренција, појасни Франгов кој го изрази своето задоволство што токму Гевгелија е организатор на куп натпреварите во кошарка, спорт кој, како што нагласи, во последните седум години најмногу го афирмира градот.

-Среќен сум што Гевгелија, покрај град на сонцето, наредниот викенд ќе биде и град на кошарката во Македонија. Благодарение на КК Кожув, овој спорт ја вивна Гевгелија во врвот на кошарката и поттикна многу млади луѓе да спортуваат. Таа станува толку масовна што како Општина одлучивме да изградиме нова поголема спортска сала со капацитет од најмалку 2.000 седишта, истакна Франгов.

Претседателот на КФМ,Пеце Наумоски на кого ова му е огнено крштевање со организација на куп натпревари, потврди дека на технички план Федерацијата е максимално подготвена, а претставниците на клубовите го изразија оптимизмот дека токму тие ќе бидат освојувачи на купот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос