Гевгеличани и следната сезона дел од БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија се пријави и следната сезона да биде дел од регионалната БИБЛ лига. Гевгеличани две сезони беа учесници во оваа лига, но не успеваа да се изборат за завршните натпревари.

Раководството на Кожув и официјално го потврди учеството за следната сезона, а директорот на лигата Шај Штрикс за интернет страницата на БИБЛ изјави дека се надева оти Кожув и во следната година ќе работи квалитетно како тим, за да постигне подобри резултати. – Сигурен сум дека односите помеѓу нас ќе бидат многу добри, пријателски и професионални, како што впрочем беа и во претходните сезони, изјави Штрикс.

Тимот на Кожув покрај учеството во БИБЛ лигата последните две сезони е во врвот на македонската кошарка, откако лани беше финалист во плеј офот, а оваа сезона беше учесник во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос