Германија заостанува на долгиот пат кон електромобилноста

Од:

Владата во Германиија сонува авомобилскиот пазар во земјата да стане водечки во светот на електромобилноста, но засега обидите да ги убеди граѓаните да купуваат автомобили со нулта емисија изгледа не даваат резултати.

Визијата за еден почист, побезшумен и помалку валкан свет со автомобили, кои повеќе не се движат на ограничени фосилни горива, останува само посакувана Но повеќето Германци не се заинтересирани за неа.

Во моментов планот е следниот: на електричните автомобили ќе им биде дозволено да ги користат лентите за автобуси во големите градови, да имаат посебни паркинг места, и да бидат означени со буквата „е“ на регистерските таблички, за да се разликуваат од бензинските и дизел еквивалентите.

И покрај сиот тој ентузијазам за електроавтомобилите во Германија, во светски рамки минатата година продажбата се удвоила на 400.000 возила, според податоците на Центарот за соларни и водородни истражувања во Штутгард. Германија е на седмото место по продажба на е-автмобили, што е доста зад САД, Кина и Норвешка.

Во Норвешка, електричниот седан Тесла С е најпродаваниот автомобил, повеќе дури и од Фолксваген Голф (обичниот). Електричните атомобили добиваат големи даночни ослободувања од владата во Осло.

Аналитичарите се едногласни дека таквите финансиски стимули се најбрзиот начин да има се повеќе е-автомобили по атиштата. Германската влада инаку засега ги одби иницијативите за компензирање на електрично ориентираните возачи.

Нисан продава најмногу електрични автомобили во светот, по него следуваат Џенерал моторс, Тојота и калифорнискиот производител Тесла.

Германија ќе треба многу за забрза ако сака да ја достигне електромобилноста

Сега во Германија се регистрирани околу 12 илјади целосно електрични автомобили, како и 85,000 превозни средства на хибриден погон – комбинација од електричен мотор и мотор со внатрешно согорување. Тоа е едвај 1,6 проценти од регистрираните автомобили во земјата.

Берлин всушност се држи на зацртаната цел да има еден милион електрични автомобили во земјата до 2020 година. По германските патишта сега се движат 43,9 милиони традиционалн автомобили.

На најголемите германски автопроизводители – Фолсваген, Дајмлер и БМВ – ќе им треба значително доста време за да се престројат кон бесшумната автомобилност и сега се фокусирани на обидите да си ги повратат загубените позиции.

Во меѓувреме, тие на пазарот ќе пуштат 16 нови електрични модели, целосно дизајнирани во Германија.

Тие ќе се приклучат кон веќе популарните модели како БМВ и3, потоа на електричната верзија на малиот Смарт и потврдениот хибрид Опел Ампера на Џенерал моторс. Елекричната верзија на бестселерот Фолксваген Голф треба да се појави на пазарот ова лето.

Дури и поддржувачите на електромобилноста не можат да негираат дека автомобилите не се ефтини, иако цените на батериите постојано паѓаат.

Основната верзија на БМВ и3 чини 34,950 евра, а е-Голф 34,900 евра.

Расходните трошоци за еден електроавтомобил се пониски отколку за оние движени на фосилни горива, но во овој сектор владее мислењето дека во основа на побарувачката ќе бидат даночните ослободувања за купувачиите на цели возни паркови, кои ќе инвестираат во е-автомобили како превозни средства за вработените во компанијата.

Друга болна тема за приватните клиенти е ризикот заради блокираност кога се тргнува на пат на одмор, во области каде нема станици за полнење на батериите.

-Најголемиот ризик за електроавтомобилите е несигурноста предизвикана од ограничениот опсег на превозините средства, е заклучокот во извештајот на Националната платоформа за електромобилност (НПЕ), владина институција.

Овие ризици се повеќе психолошка бариера отколку практични ограничувања.

Според податоци на НПЕ, околу 80 проценти од работоспособните германци минуваат едвај 40 километри во автомобил на ден – а просекот на електроавтомобилите помеѓу две полнења е 150 до 200 киломери, така што проблемот не изгледа толку голем.

Патот кон електромобилноста е долг и скап
Електричните автомобли не се профитабилни за призводителите, кои можат да постигнат поголеми маржи со големи лимузини и џипови (СУВ). Научните истражувања и развојната дејност кај е-автмобилите бара големи суми средства, но автомобилскот сектор нема друг избор.

Браншата треба да смисли алтернатива, за почисти мотори за да се совпадне со се построгите регулативи во ЕУ за потрошувачката на гориво и за емисиите на јаглерод диоксид.

Сеуште е рано да се каже кои алтернативни мотори ќе надвладеат. За внимание се борат целосно електричните превозни средства, потоа бензинските и дизел хибриди, хибридите на полнење (plug-in) кои можат да се полнат на електричната мрежа, или е-автомобилите со мотори со мала моќност.

Водородните горивa се друга можност, иако нивната висока цена и недостигот на станици за полнење сеуште го отежнуваат нивниот прогрес.

ДПА – Хамбург

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска