Гечевски ќе се збогува со кошарката на ревијалниот меч со Фенербахче

Од:

На ревијалниот меч помеѓу екипите на Работнички и Фенербахче, македонската кошаркарка легенда Тодор Гечевски и официјално ќе се збогува од активното играње кошарка. Еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски, својот проштален натпревар ќе го одигра во петок, 30.09.2016, на ревијалниот меч помеѓу КК Работнички и КК Фенербахче.

Натпреварот ќе го одбележи седумдесетгодишното постоење на нашиот најтрофеен кошаркарски клуб, а центарот Гечевски по две децении успешна кариера во земјата и странство ќе се збогува од кошарката.

Тодор Гечевски својата кошаркарска кариера ја започна во 1995- та година, во КК Тиквеш, а во Македонија играше и за КК Работнички, КК Николферт и КК МЗТ Скопје. Најблескавиот дел од својата кариера го имаше во дресот на хрватски Задар, во периодот од 2004- 2009 година.

Забележливи беа и неговите настапи за германскиот Хаген, грчки ПАОК и италијанскиот Ер Авелино. Тодор Гечевски зад себе има освоено 5 домашни шампионски титули, 2 титули во хрватското првенство а ќе остане запаметен како најдобар скокач и играч со најголем број индексни поени во историјата на АБА лигата. Воедно, Гечевски беше прогласен за најдобар македонски интернационалец во 2005, 2006, 2007 и 2009та година.

Македонскиот репрезентативен дрес го носеше на 4 завршници на Европските првенства и тоа во Франција 1999 тата, Полска 2009 тата, Литванија 2011 тата и во Словенија 2013-тата година.

Тодор Гечевски, заедно со Антиќ, Чековски, Илиевски, браќата Стојановски, МекКејлеб и останатите беа дел од селекцијата која во 2011- тата година, на Евробаскетот во Литванија го освоија историското 4то место за Македонија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос