Гана Мелничеко од Украина е светската шампионка во седмобој со собрани 6586 поени или 56 повеќе од Брине Тејсен Итон од Канада, кој имаше 6530 поени. И двете ги постигнаа најдобрите лични резултати. И третопласираната Дафне Шиперс од Холандија постави национален рекорд – 6477 поени.
На 3.000 метри стиплчез во женска конкуренција победи Милах Чеива од Кенија, пред својата сонародничка Лидија Чепкуруи и Софија Асефа од Етиопија.
Во трката 20 километри брзо одење првите две места за руските атлетчарки. Златниот медал и припадна на Елена Лашманова, која имаше време 1:27.08 час, а само три секунди послабо време постигна нејзината сонародничка Анисија Кирдјапкина – 1:27.11. Бронзениот медал го освои Луи Хонг од Кина со време – 1:28.10.