Гана бара со Египет да игра на неутрален терен

Од:

Фудбалската федерација на Гана, од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) побара решавачкиот плеј-оф натпревар за пласман на Светското првенство во Бразил 2014 година, против Египет да се игра на неутрален терен.

Ваквото барење федерацијата на Гана го базира на лошата безбедносна состојба во Каиро.

Во писмото упатено од ФИФА, Фудбалската федерација на Гана наведува дека натпреварот треба да се игра на „безбедно место“.

– Нашето барање е засновано на фактот за алармантно лошата безбедноста ситуација во Египет. Дел од нашите играчи се сериозно загрижени за својата безбедност за време на натпреварот, стои во писмото упатено до ФИФА, а објавено и на официјалната веб-страна на Фудбалската федерација на Гана.

Од ФИФА потврдија дека го добиле писмото и дека внимателно ќе го следат развојот на настаните во Египет.

Засега останува реванш натпреварот меѓу Египет и Гана да се игра на 19 ноември во Каиро, дуел по кој ќе биде познат и патникот на Светското првенство во Бразил 2014. Првиот натпревар овие две селекции ќе го играат на 15 октомври во Кумаши.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи