Во второто по квалитет европско кошаркарско клупско натпреварување Еврокупот, вечерва ќе биде доделен шампионскиот трофеј.
Имено, вечерва во Истанбул ќе се игра реванш натпреварот од финалето меѓу Галатасарај и Стразбур.
Француската екипа вечерашниот меч ќе го започне со минимална предност од четири поени, откако Стразбур забележа победа на првиот дуел со 66-62.
Натпреварот кој ќе го даде шампионот во Еврокупот ќе започне од 19 часот.