Галатасарај со минимална победа над Ливерпул во првото осминафинале во ЛШ

Од:

Галатасарај на „Рамс Парк“ во Истанбул го победија фаворизираниот Ливерпул со 1-0 во првиот осминафинален дуел од фудбалската Лига на шампиони.

Натпреварот започна со одлична кореографија со емотивни мотиви поврзани со покојната мајка на нивниот најдобар играч – Виктор Осимен.

Домашните играчи беа подобри во текот на целиот натпревар и заслужено славеа, а единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 7-та минута од натпреварот по корнер.

Убаво го изведоа од левата страна, потоа Осимен му асистираше на Лемини, а Марио ја затресе мрежата на Англичаните за водство на Турците и голема радост на навивачите во црвено-портокалова боја.

Галатасарај имаше неколку одлични шанси во првото полувреме, но и Ливерпул успеа да се закани.

Прво, Галата поведе со 2:0 преку Осимен, но судиите го поништија тој гол поради офсајд позиција.

Десетина минути подоцна, Ливерпул одговори со гол на Вирџил ван Дајк по корнер, но по консултација со ВАР, судијата го поништи голот поради прекршок во нападот.

Сè потешко и потешко за Ливерпул беше како што времето минуваше. Осимен, Лемина и другите повторно се заканија, но без прецизни обиди.

До крајот на натпреварот, немаше промена во резултатот и по 90 минути подобар фудбал, Галатасарај излезе како победник, а за седум дена на „Енфилд“ ќе имаат историска шанса да го елиминираат Ливерпул и да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Безмилосна ждрепка на ЛШ: Реал против Сити, ПСЖ со Челси

Јувентус e декласиран во Истанбул

ПСЖ против Монако во плејофот на Лигата на шампионите

А1он

(ВИДЕО) Сензација во фудбалската ЛШ – Манчестер Сити доживеа дебакл во Норвешка

А1он

Се тресе фотелјата на Слот – Ливерпул киксна со претпоследната екипа во Премиерлига

А1он

Легендата на Ливерпул се бореше за живот: Страшно искуство, ама сега сум уште посилен

А1он