Безмилосна ждрепка на ЛШ: Реал против Сити, ПСЖ со Челси

Од:

Фудбалската Лига на шампиони влегува во највозбудливата фаза од сезоната. Шеснаесет екипи го продолжуваат патот кон најпрестижниот европски клупски трофеј, а денеска во седиштето на УЕФА во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналето.

Ждрепката, како и досега во новиот формат, беше полудиригирана, но и покрај тоа донесе неколку исклучително атрактивни дуели. Пеп Гвардиола и Манчестер Сити повторно ќе се соочат со Реал Мадрид во реприза на неколку нивни епски пресметки, додека европскиот шампион ПСЖ ќе има можност за реванш против Челзи по поразот во финалето на Светското клупско првенство минатото лето.

Особено внимание привлекуваат и дуелите меѓу Њукасл и Барселона, како и пресметката меѓу Атлетико Мадрид и Тотенхем, додека Баерн Минхен ќе гостува кај незгодната Аталанта.

Осминафинале во ЛШ:

ПСЖ – Челси
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Њукасл – Барселона
Бодо/Глимт – Спортинг
Галатасарај – Ливерпул
Аталанта – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Баер Леверкузен – Арсенал

Првите натпревари од осминафиналето се закажани за 10 и 11 март, додека реваншите ќе се одиграат седум дена подоцна.

Би можело да ве интересира

Јаја Туре испиша историја во ЛШ – прв африкански тренер во лигашка фаза

А1он

Кој против кого во фудбалската ЛШ – ПСЖ ќе игра против Сити, Барселона и Рома

А1он

Шахтјор Доњецк ќе ги игра натпреварите од ЛШ на стадионот на Челси

А1он

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите

Горан Наумовски

Ова се двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите

Атлетико и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите