ПСЖ ја освои Лигата на шампионите

Од:

Во драматично финале исполнето со пресврти, ПСЖ ја одбрани европската круна откако по пенал-рулетот го совлада Арсенал и повторно се искачи на врвот на континенталниот фудбал.

Лондонскиот состав одлично го отвори натпреварот и рано стигна до предност. По продор по левата страна, Каи Хаверц ја затресе мрежата на ПСЖ и донесе голема радост меѓу навивачите на Арсенал. Францускиот шампион долго време не успеваше да пронајде решение за дисциплинираната игра на противникот, а Арсенал дури имаше можност и да го удвои водството пред паузата.

Во второто полувреме ПСЖ значително го зголеми притисокот. Израмнувањето пристигна по пенал досуден по интервенција на ВАР, а Осман Дембеле беше сигурен реализатор за 1:1. До крајот на регуларниот дел двете екипи создадоа неколку добри можности, но резултатот остана непроменет.

Продолженијата не донесоа победник, иако имаше возбудувања пред двата гола. Решението мораше да падне по изведувањето пенали, каде што фудбалерите на ПСЖ покажаа повеќе смиреност и прецизност.

Трагичари во редовите на Арсенал беа Езе и Габриел, чии промашувања во пенал-серијата се покажаа клучни. Со тоа парискиот гигант успеа да ја одбрани титулата и уште еднаш да потврди дека е број еден во европскиот фудбал. За Арсенал ова останува уште едно болно финале, второ загубено во клупската историја на најголемата европска сцена.

Би можело да ве интересира

Шахтјор Доњецк ќе ги игра натпреварите од ЛШ на стадионот на Челси

А1он

Фудбaлерите на Ленс го победија Пари Сен Жермен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ПСЖ повторно им го „украде“ трофејот на Англичаните!

(ВИДЕО) Немири во Париз по победата на ПСЖ, стотици се уапсени, запалени се електрични велосипеди

ПСЖ го елиминира Баерн и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите

ПСЖ – Баерн 5:4 – Спектакуларно во полуфиналето на Лигата на шампионите