Мбапе беше на чекор од Ливерпул – Клоп го убедуваше во авион

Од:

На 18-годишна возраст, Килијан Мбапе можеше да го избере Ливерпул наместо Париз Сен Жермен, а обидот на Јирген Клоп да го доведе на „Енфилд“ беше сè друго освен обични преговори за трансфер.

Приватен авион, неколкучасовно кружење над јужна Франција, вечера со Клоп и мајката на Мбапе – Фаиза Ламари, која веќе беше целосно воодушевена од Ливерпул – беа дел од приказната што можеше да го одведе францускиот напаѓач во Премиер лигата во 2017 година.

Мбапе тогаш играше за Монако и го бираше следниот чекор во кариерата. Ливерпул беше сериозна опција, толку сериозна што Клоп одлета за Ница со приватен авион за лично да се обиде да го убеди.

„Да, бев блиску до Ливерпул. Мајка ми беше голем обожавател на Јирген Клоп, а Ливерпул ѝ беше омилена опција. Таа сакаше да одам таму“, се присети Мбапе.

Неговата мајка не застана само на разговори. Таа отиде во Ливерпул, ги разгледа градот и стадионот, се запозна со луѓе од клубот, а потоа и самата гледаше неколку натпревари на „Енфилд“ за да ја почувствува атмосферата и да се обиде да го замисли својот син во црвениот дрес.

„Таа отиде на ‘Енфилд’ и се вљуби во местото. Ми рече: ‘Мораш да одиш во Ливерпул. Ќе играш на ‘Енфилд’, ќе биде неверојатно’. Јас само одговорив: ‘Добро, добро, добро!’“, изјави Мбапе.

Во меѓувреме, Клоп организираше средба подалеку од очите на јавноста.

Авионот полета од Блекпул кон Ница, каде што се качија Мбапе и неговото семејство. Бидејќи не смееше никој да ги види заедно, летот се претвори во неколкучасовно кружење во воздух, за време на кое Клоп и младиот Французин разговараа за Ливерпул, за неговата улога и за планот што германскиот тренер го имаше за него.

„Се сеќавам дека бевме во авионот и само кружевме додека тој ми го објаснуваше проектот. Му реков: ‘Не мораш да ме убедуваш. Ти си Јирген Клоп, ова е Ливерпул, голем клуб. Секако дека постои интерес штом сум тука. Но, имам и други можности, други добри проекти’“, изјави Мбапе.

Со години подоцна, Клоп тој обид го нарече „најскапиот трансфер што никогаш не го реализиравме“.

Сепак, Мбапе се одлучи за Пари Сен Жермен.

Прво пристигна на позајмица од Монако, а потоа трансферот беше реализиран за сума од околу 166 милиони фунти.

Французинот објаснува дека не го одби Ливерпул затоа што не му се допаѓал клубот, туку затоа што во тој момент не сака[e да ја напушти Франција.

„Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто. Роден сум и израснат во Париз и за мене немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, рече Мбапе.

Денес, на 27-годишна возраст и во дресот на Реал Мадрид, Мбапе зад себе има кариера што ги исполни речиси сите очекувања од неговите тинејџерски денови. Тој стана најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација со 66 гола на 106 натпревари, а освои и две последователни „Златни копачки“ на светските првенства.

А за Ливерпул остана една од оние големи приказни од типот „што ако“.

Зашто, ако ја послушаше мајка си во 2017 година, кариерата на Мбапе можеби многу порано ќе се одвиваше на „Енфилд“.

Би можело да ве интересира

Пред 15 месеци играше во трета лига, Клоп сега го вика во репрезентација

А1он

„Јас и Мбапе сме двајцата најдобри играчи во светот – годинава ја заслужувам `Златната топка`“

А1он

Мбапе самоуверено со изјава за „Златната топка“: Имам аргументи, јас сум најдобар!

А1он

Французите спречија киднапирање на Мбапе

Горан Наумовски

Второто најскапо засилување во историјата на Ливерпул

А1он

Фудбaлерите на Ленс го победија Пари Сен Жермен

Горан Наумовски