Турската екипа Галатасарај е освојувач на кошаркарскиот Еврокуп.
Во второто по квалитет европско кошаркарско клупско натпреварување Еврокупот, составот на Галатасарај со шампионскиот трофеј стигна со синоќешната победа над Стразбур си 78-67 во реванш финалниот натпревар.
Победата од девет поени разлика беше доволна да се анулира негативата од првиот меч одигран во франција каде Стразбур забележа победа на со четири поени разлика 66-62.
Стефан Ласме со „дабл-дабл’’ учинок од 16 поени и 10 скокови беше најзаслужен за оваа победа на тимот од Истанбул, а со својот настап не само на овој туку и првиот меч Ласме го заслужи признанието МВП – најкорисен играч во синалната серија.