Галатасарај – Баерн во дуел за полуфиналето во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Во второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување Еврокупот, вечерва во Истанбул ќе се игра првиот реванш меч од четвртфиналето.

Екипата на Галатасарај ќе треба да надополни негатива од 10 поени во дуелот против германскиот тим Баерн, кој на првата средба одиграна во Минхен забележа победа со 99-89. Натпреварот во Истанбул ќе започне од 19 часот.

Утре, на програмата се преостанатите три реванш четврфинални мечеви во кои, екипите на Стразбур и Гранд Канарија покрај предноста остварена на првиот меч ќе ја имаат и предноста на домашниот терен.

Францускиот Стразбур ќе започне со 9 поени предност во мечот со Нижни Новгород (94-85), а со истата предност ќе стартува и шпанската Гранд Канарија против Зелена Гора (93-82).

Во италијанската пресметка Армани Милан против Тренто има негатива од 10 поени по првиот меч кој тимот од Милано го загуби со 73-83.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос