Фуриозен финиш на МЗТ Скопје за победа над Олимпија

Од:

Со серија 20:4 во последните пет-шест минути од натпреварот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва дојдоа до триумф во пресметката на домашен терен со Унион Олимпија со 97:96.

За „штрковите“ ова беше втора победа во осмиот меч сезонава во АБА-лигата. Тие одиграа фантастично во втората половина од последната четвртина, погодија голем број тешки удари, излегоа како победници во клучните дуели, се вратија од минус 15, што на крајот резултира со значајна победа.

Новакот Сулејман Диабате донесе позитивна енергија и сигурност во организација на нападите, додека во клучните моменти проработи и  Стефан Синовец, кој погоди голема тројка и кош од офанзивен скок. „Змајчеки“ имаа голема помош од судиите, шутот од далечина максимално ги служеше, но не го издржаа завршниот налет на „сино-белите“.

Даниел Кларк со 22 поени, Ксавиер Темс со 19 и Џош Скот со 18 поени и 11 скока беа најзаслужните за триумфот на домаќинот, а Диебате со 13 поени имаше повеќе од солидно деби.

Следниот меч за македонскиот шампион во АБА-лигата пак, е следниот викенд против Крка во Ново Место, а утре вториот македонски претставник во регионалното натпреварување, тимот на Карпош Соколи, гостува кај ФМП.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ