Фулам го отпушти менаџерот Клаудио Раниери по само 106 дена на чело на тимот, а помошник тренерот Скот Паркер ќе го преземе кормилото на лондонскиот клуб, кој е на 19-то место во Премиер лигата, пренесе „Би-Би-Си“.
Последниот натпревар на Италијанецот беше поразот од 2-0 од Саутемптон вчера, кој ги остави „котиџерс“ на 10 поени од безбедната зона, на 10 натпревари до крајот на сезоната.
Раниери (67) ја презеде функцијата во ноември по отпуштањето на Славиша Јокановиќ.
Италијанскиот стратег, кој го одведе Лестер до титула во 2016-та година, освои само три од неговите 16 натпревари како менаџер.