Фудбалските менаџери во 2021 година инкасирале 444.6 милиони евра на трансфери на фудбалери, што е повеќе во споредба со лани и покрај падот на потрошувачката на трансфери, објави ФИФА во својот најнов извештај.
Во однос на минатата година, заработката на фудбалските агенти и советници е зголемена за 0.7 отсто.
Најголем приход на сметка на своите клиенти оствариле фудбалските менаџери во Англија (118.3 милиони евра), пред Германија (74.5 милиони евра), Италија (65.7), Шпанија (31) и Франција (26.6).
ФИФА неодамна најави дека во првата половина на 2022 година ќе донесе нови прописи за фудбалските менаџери со кои нивниот процент би се ограничил на 10 отсто од сите плаќања поврзани со трансфер.