Македонскиот фудбал полека се лизга кон бездна. Судејќи по сè до сега, следната сезона би можела да има помалку клубови од оваа година, секако не поради промените во системот на натпреварување, туку поради недостаток на финансиски средства за натпреварување. Се шпекулира дека одредени клубови најавиле повлекување токму поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат.
Се појавија шпекулации дека Академија Пандев се повлекува од Првата лига следната сезона, а како причина беше наведено немањето парични средства. Иако основачот на Академијата, Горан Пандев ги демантираше овие наводи, во јавноста набрзо се појави веста дека два клуба од Струмица, Академија и Беласица, се спојуваат во еден тим, за што Пандев не сакаше да коментира. Која е точната позадина, се надеваме, ќе се знае наскоро…
Сепак, се поставува едноставно прашање – зошто клубовите мораат сами да се снаоѓаат, наместо средствата неопходни за нивната работа да се обезбедуваат преку спонзорства од различни компании кои се заинтересирани за тоа. Кога само ќе се погледне ситуацијата во регионот, па дури и во цела Европа, сите големи лиги имаат потпишано договори за насловни спонзорства. На пример, од 30 првенства на најдобрите лиги во Европа, 11 се насловни спонзорства на компании кои се занимаваат со приредување игри на среќа.
На второ место се банкарските компании чии имиња се во насловите на фудбалските лиги. Интересен е и податокот дека бетинг компаниите се популарни во земјите од регионот, како на пример во Србија, каде компанијата Mozzart, освен што е долгогодишен партнер на Фудбалскиот сојуз, неодамна стана и насловен спонзор на фудбалската лига. Бетинг спонзори на фудбалските лиги се присутни и во Хрватска, Бугарија, Романија, како и во Грција, Португалија, Австрија, Словачка, Казахстан…
Либерализацијата на пазарот секако води до поголеми инвестиции во фудбалот, но и до напредок на самиот спорт, имајќи предвид дека приходот оди во бројни младински спортски школи кои се формираат во големи фудбалски клубови. Поради очигледната блокада и монополизираниот пазар, македонската лига полека пропаѓа, а парите од приходите од игрите на среќа на други начини се одлеваат од Македонија. Барањето за слободен пазар се предлага подолго време, но постојано наидува на нови блокади, поради што спортот најмногу трпи, бидејќи нема решени законски рамки за да се реализираат инвестиции и во оваа гранка.
ПР Текст