Како што пренесуваат француските медиуми, фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од вијадуктот Мањан на автопатот А8.
На местото на настанот се сите служби за итна помош, брза помош, пожарникари и полиција и психолог испратен од клубот.
Како резултат на тоа, Ница ги откажа сите закажани медиумски обраќања планирани за денеска. Во тек е состанок на кризниот тим на клубот.
RMC Sport пренесува дека се работи за Алексис Бека Бека. Се наоѓа на вијадуктот на височина од околу 100 метри, пренесува BFMTV.com.
Според нивните информации, фудбалерот неодамна раскинал со девојката.