Французите преку Хрватска во четвртфиналето на СП во кошарка

Од:

Европскиот шампион Франција е втората селекција која обезбеди пласман на Светското кошаркарско првенство кое се одржува во Шпанија.

„Триколорите“ во неизвесна завршница ја победија репрезентацијата на Хрватска со 69:64, и им се приклучија на Американците меѓу осумте најдобри селекции на шампионатот.

Во првиот осминафинален меч одигран попладнево во Барселона реперезентацијата на САД очекувано и чесно стигна до победа против Мексико со 86:63.
Вечерва се играат уште два осминафинални натпревари.

Во тек е натпреварот меѓу Доминиканската Република и Словенија, дуел од кој победникот во четвртфиналето ќе игра против светскиот првак САД.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос