Французинот Летексиер – најдобар фудбалски судија во 2024 година

Од:

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи Французинот, Франсоа Летексиер за фудбалски судија на годината.

Во текот на 2024 година, на Летексиер му беа доверени престижни натпревари, вклучувајќи го и финалето на Европското првенство меѓу Англија и Шпанија, како и важни натпревари од Лигата на шампионите.

Французинот имаше 129 поени, а го следеа Славко Винчиќ (Словенија), Даниеле Орсато (Италија), Клемент Турпин (Франција), Мајкл Оливер (Англија), Феликс Цвајер (Германија), Симон Марчињак (Полска), Ентони Тејлор (Англија), Рафаел Клаус (Бразил), Вилтон Сампајо (Бразил).

Летексиер ја прекина доминацијата на Марчињак, кој две години по ред ја освојуваше наградата.

ИФФХС ја доделува наградата за судија на годината од 1987 година.

Би можело да ве интересира

Го судеше финалето на Лига Европа, сега е деградиран во Чемпионшип

Горан Наумовски

ВИДЕО: Му се внесе во лице на судијата, по што доби удар во чувствителната област

Предраг Петровиќ

Почина легендарниот фудбалски судија Шандор Пул, кој ја делеше правдата во многу финалиња

Жарко Настоски

Англискиот фудбалски судија Мајк Дин викендов нема да суди, добил смртни закани

Жарко Настоски